
„Беше навистина страшно“: Главната актерка од „Inventing Anna“ се сретнала со вистинската Ана Сорокин
Неодамна на платформата Нетфликс почна да се прикажува серијата „Inventing Anna“, базирана на животната приказна на Ана Сорокин, измамничка која од 2013 до 2017 година се преправала дека е германска наследничка и се инфилтрирала во њујоршката друштвена сцена.
Препорачано
Со цел да биде поубедлива во својата улога, актерката Џулија Гарнер имала средба со вистинската Ана Сорокин додека таа била во затвор. Во интервју за австралиското списание „Marie Claire“, актерката открила дека средбата со Ана била прилично бизарна.
„Кога седнавме една спроти друга, таа веднаш ме праша: ‘Како ќе ме одглумиш? Можеш ли да ми покажеш?’“, раскажала Гарнер која била изненадена од барањето на Сорокин, но веднаш го повторила нејзиното прашање, глумејќи ја неа.
View this post on Instagram
„Беше навистина страшно, но кога го потворив тоа што ми го кажа, на неа ѝ беше многу смешно. Ѝ реков на Ана дека мојата цел е да ја претставам како личност, а не како карикатура. Луѓето не мора да се согласат со тоа што таа го направила, но тие треба да бидат отворени и спремни да разберат зошто го направила тоа. Луѓето грешат, а Ана е личност“, изјавила Гарнер.
Ана Сорокин била осудена на затворска казна откако измамила банки, хотелиери и пријатели за стотици илјади долари. Приказната за нејзините измами, кои ги извела под името Ана Делви, станала вирална по објавувањето во „New York Magazine“ во 2018 година, а тоа го заинтригирало и ТВ-продуцентите.