Фото: Профимедиа

Беше една од најубавите актерки на светот, а потоа го допре дното: Еве како изгледа Кристал од „Династија“ денес

Култната серија „Династија“ се емитуваше од 1981 до 1986 година, а прељубата, ривалствата и предавствата кои се вртеа околу животот на членовите на семејството Карингтон, богато семејство кое заработи богатство од нафта, ги плени гледачите ширум светот.

Главни актери беа Алексис (Џоан Колинс), Кристл (Линда Еванс) и Блејџ Карингтон (Џон Форсајт), кои знаедно со нивните потомци и пријатели кои ги одбележаа иконските сцени на оваа телевизиска сапуница, која натера многу луѓе да посакаат да се идентификуваат со живот на висока нога.

Линда Еванс ја играше русокосата убавица Кристл која беше во брак со милионерот Блејк Карингтон кој го игра Џон Форсајт. Но, не беше сè толку едноставно. Таа мораше да се бори со неговата злобна поранешна сопруга Алексис Карингтон, која брилијантно ја игра Џоан Колинс. Ова доведе до бројни расправии и многу високи оценки.

Денес Линда има 81 година, пензионирана и живее во Вашингтон. Првата гостинска улога ја имаше во една епизода од комедијата „Татко ерген“, во која глумеше и Џон Форсајт, со кого ќе глуми во „Династија“ 20 години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

По неколку гостувања во „Авантурите на Оз“ и „Хариет“ помеѓу 1960 и 1962 годинакако и гостувања во телевизиски серии како што се „Полковник“ и „Вагон воз“, Еванс ја доби својата прва редовна улога во 1965 година во „Големата долина“.

Од 1977 до 1979 се појави во неколку серии, а тогаш во јануари 1981 година, на ред дојде „Династија“, улога која ќе и го промени животот. Кога Колинс ја доби улогата, гледаноста на серијата уште повеќе се зголеми. Еванс ја напушти „Династија“ во 1989 година, четири месеци пред официјално да заврши серијата. А потоа во 1991 година, таа се врати во улогата на Кристл за телевизиската минисерија „Династија: Повторно обединување“.

Во тоа време таа уживаше во статусот на една од најубавите актерки, а мажите се натпреваруваакој ќе го привлече нејзиното внимание. Во 1964 година, таа дури и ја однесе титулата Мис Златен глобус како најубава актерка која некогаш поминала на црвениот килим. Таа двапати го освои Златниот глобус и тоа во 1969 и 1981 година.

Во текот на деведесетите сними и три телевизиски филмови, по што се пензионираше.

Кога славната актерка наполни 80 години, зборуваше за стареењето и како се справува со тоа.

„Бројот е голем, но на моите години гледам како на авантура. Возбудена сум за она што допрва доаѓа“, рекла таа во една прилика, пренесува Daily Mail, додавајќи дека би направила сè поинаку ако може да се врати во дваесетите, но две работи би останале исти.

Но, две работи би останале исти.

„Повторно би купила куќа овде во Такома и никогаш не би се откажала од потрагата по љубов. Го сакам сето она што го поминав во мојот живот и секој предизвик што ми се најде на патот. Многу страдав, но горда сум на тоа“, изјавила Линда.

Неуспешни бракови

Актерката изјавила дека една од предностите на стареењето е тоа што почнала да се сака себеси. „Тоа е една од убавите работи за стареењето. Да се сакаш навистина,  е многу важно колку и доцна во животот да се случи тоа“, вели Еванс.

А кога веќе зборуваме за љубовта, актерката се омажи двапати во животот. Прв пат за покојниот актер ирежисерот Џон Дерек, со кого се забавуваше од 1968 до 1974 година. Поради целата оваа ситуација, Линда паднала во депресија. Не се чувствувала доволно добро или убаво, па почнале се почестите посети на пластичните хирурзи, а кога ниту новиот изглед не можел да ја израдува, се насочила кон дрогата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Во една прилика била уапсена поради возење под дејство на опијати, а полицијата во нејзиниот автомобил пронашла поголема количина апчиња за кои немала рецепт. Во тоа време, Еванс се правдала дека тоа се лекови против болки што ги земала поради проблеми со грбот.

Една година по раскинувањето со Дерек, таа се омажила за актерот Стен Херман, со кој беше до 1979 година.

Еванс нема деца и живее сама. Нејзината последна јавно позната врска започна во 1989 година, а тоа беше со грчкиот композитор Јани, со кој беше речиси една деценија. Тие раскинаа во 1998 година.

„Линда е едно од најневеројатните човечки суштества што некогаш сум ги сретнал“, рече тој во 2014 година за време на гостувањето на Опра Винфри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот