Бербок: Се уште размислуваме дали да и испорачаме на Украина оружје со долг дострел

Аналена Бербок, германска министерка за надворешни работи/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во украинското црноморско пристаниште Одеса изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина.

„Се разбира, сè што даваме во однос на воената поддршка е премалку“, рече таа на прес-конференција по ненајавената посета на Украина.

Таа додаде дека постојано, особено во текот на изминатата година, се размислува за прашањето како да се испорача повеќе, вклучително и системи за оружје со долг дострел.

„Сосема е разбирливо што луѓето во Украина велат дека ни треба повеќе од се, рече Бербок на собир на кој присуствуваше и нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба.

Украинските лидери бараат од западните колеги да им испорачаат нови системи за оружје, пред се ракети со поголем дострел за гаѓање зад руските линии, како што се американските ATACMS и германските крстосувачки ракети Таурус.

Германските пратеници во четвртокот одобрија понатамошна воена поддршка за Украина, вклучително и системи со долг дострел, но го отфрлија повикот на опозицијата на Киев да му се испорача Таурус.

Германските власти изразија загриженост дека ракетите би можеле да ја ескалираат војната на руска територија и да се сметаат за подиректно германско учество во конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот