Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува

Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар.

Со најновата одлука на РКЕ горивата во земјава добиваат нови цени во малопродажба од ноќеска на полноќ. Пресметките на регулаторите дефинираа поскапување на бензините за половина денар. Дизелот пак поевтинува за 0,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот