Бени Ганц вели дека Израел ќе влезе во Рафах и ќе се врати во Кан Јунис

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Членот на израелскиот воен кабинет, Бени Ганц изјави денеска дека Хамас е воено поразен и дека војската ќе влезе во Рафах и ќе се врати во Кан Јунис, пренесоа израелските медиуми.

– Од воена гледна точка – Хамас е поразен. Неговите борци се елиминирани или се кријат, а неговите способности се осакатени. Ќе влеземе во Рафах. Ќе се вратиме во Кан Јунис. И ние ќе дејствуваме во Газа. Секаде каде што има терористички цели, рече Ганц по состанокот на неговата партија Национално единство во јужниот израелски град Сдерот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот Канал 12 објави дека имало „жестоки несогласувања и дискусии“ меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и неколку негови министри, од една страна, и началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, од друга страна, во врска со одложувањето на воената операција во градот Рафах во јужна Газа.

Каналот наведува дека „на проширената седница на воениот кабинет во вторникот избувнала жестока дискусија по повлекувањето на израелската армија од Кан Јунис и одложувањето на операцијата во Рафах“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот