Бен Афлек - Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Бен Афлек за флертувањето по разводот: Многу е лесно да се посрамотиш

Бен Афлек даде малку необична изјава додека го промовираше филмот „Сметководител 2“ (Accountant 2). Актерот призна дека се поврзува со неговиот лик Кристијан Волф, на кој флертувањето не му е баш силна страна.

„Имате лик кој сака да има врска со жена и се обидува да сфати како да го направи тоа, како да се вклучи во играта. Тој навистина не знае да флертува и не му е удобно со тоа – како и на повеќето од нас“, рекол Афлек, пишува „Пејџ сикс“.

„Никому не му е лесно да се снајде во врските, особено на почетокот кога се обидувате да процените нечии сигнали. „Што значи тоа? Дали оваа личност ме гледа? Дали ѝ се допаѓам?“, опиша тој и додаде дека понекогаш е лесно да се засрамите себеси во такви ситуации.

Да потсетиме, Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор со посредство уште во септември, со што избегна долга судска битка.

Тој рече за самото раскинување: „Луѓето честопати сакаат да ја пронајдат основната причина или некоја драма во раскинувањето. Но, искрено, вистината е многу поприземна, обична и можеби помалку интересна отколку што луѓето би очекувале. Нема скандал, нема сапунска опера, нема интриги. Кога некој ќе ве праша, „еј, што се случило“, всушност нема конкретен одговор. Тоа е само приказна за двајца луѓе кои се обидуваат да се пронајдате себе и нивниот однос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот