Бен Афлек и Џенифер Гарнер / Фото: AKM Images / Backgrid USA / Profimedia

Бен Афлек повторно ги „разгоре“ гласините за врската со Џенифер Гарнер откако го поминаа Велигден заедно

Актерот Бен Афлек го помина Велигден со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, по што повторно се „разгореа“ гласините дека е возможно тие да дадат уште една шанса на својата љубов, пишува „Дејли Мејл“.

Според американските медиуми, поранешните сопружници во неделата поминале време со нивниот син Семјуел.

Бен Афлек и неговиот 13-годишен син беа забележани како го напуштаат маркетот со полни раце намирници, рано утрината, пред Џенифер Гарнер да дојде во домот на Афлек во Брентвуд, Калифорнија.

Покрај Семјуел, поранешната двојка, која беше во брак од 2005 до 2018 година, заедно ги имаат и ќерките Виолет (19) и Серафина (16). Сепак, не е јасно дали им се придружиле за време на празниците.

Инаку, Афлек неодамна ја пофали својата поранешна сопруга Гарнер откако беа видени заедно за време на роденденската забава на Семјуел, каде што изгледаа дека се многу блиски.

„Навистина сум среќен што Џенифер е навистина добар родител и партнер, мајка, која е прекрасна, сјајна и добро соработуваме“, изјави тој за медиумите во март оваа година.

Тогаш кружеа гласини дека Афлек ќе „сака уште една шанса“ со Гарнер по неговиот развод со Џенифер Лопез. Сепак, извор близок до актерот изјавил дека Бен е свесен дека тоа во моментот не е возможно, бидејќи Гарнер е во врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот