Оливер Белопета / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Белопета: Целта ни е Скопскиот џез фестивал да го задржи култниот статус во Европа и светот

Еден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински, ќе го отвори годинашниот 44. Скопски џез фестивал на 16 октомври во Националната опера и балет. Тој првпат ќе настапи во Скопје, во состав на трио, изведувајќи дела од Бах и Шопен.

Програмскиот директор Оливер Белопета најави дека првата вечер по Јагоѓински ќе настапи Националниот џез оркестар со Зиги Фајгл и Луис Бониља. Следната вечер ќе настапат Марк Рибо и Кахил Ел Забар, а на 18 октомври скандинавските џезери Арве Хенриксен, Јан Банг, Ејвинд Арсет, Ингар Зак и Горан Кајфеш со својот квартет „Тропикс“. Фестивалот ќе заврши на 19 октомври со настап на легендарниот Вадада Лео Смит, Силви Курвоазје и Џејмс Брендон Луис.

Во кино „Фросина“ ќе бидат прикажани документарците „Ни треба фанк!“ и „САН РА: Направи го невозможното“.

„Фестивалот и годинава останува фокусиран на современиот џез и ексклузивноста, со цел да го задржи својот култен статус,“ рече Белопета, додавајќи дека поддршката доаѓа од Министерството за култура, ЕУ канцеларијата и неколку амбасади, но годинава недостасува американската поддршка.

Постерот за фестивалот го изработи Ѓорѓе Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот