Фото: Hippopx

Ако ги сушите алиштата дома, ќе ви страдаат белите дробови

Влагата од сушењето на влажна облека во домот може да предизвика појава на мувла. Во текот на постудените денови ретко кој ги отвора прозорците додека алиштата се сушат, а тоа е многу важно доколку сакате да ја избегнете непријатната и опасна мувла.

„Во текот на зимата греењето секогаш се вклучува повеќе отколку во другите годишни времиња, а кога ќе го искомбинираме со влажните алишта, се создава голема кондензација, бидејќи ги држиме прозорците затворени во текот на зимата, па така нормално е да има недостаток на вентилација. Оваа кондензација почнува да продира во ѕидовите, теписите и мебелот“, вели Пол Џибенс.

Покрај тоа, во станот може да се формира мувла.

„Влагата и мувлата може да предизвикаат респираторни проблеми, како што се кашлање, течење на носот и кивање, што потенцијално може да се развие во многу посериозни респираторни болести“, вели Пол.

Сушењето на испраната облека дома може да предизвика сериозни здравствени проблеми, предупредуваат експертите. Облеката на радијаторите ја зголемуваат влажноста на воздухот за 30 отсто.

Оваа влага излегува дека е идеална средина за виреење на опасни организми.

Специјалистите предупредуваат за опасноста од спори на Asperigillus fumigatus кои ја предизвикуваат болеста аспергилоза. Оваа габична инфекција влијае на респираторниот систем. Околу 25 отсто од становите и куќите се позитивни на Aspergillus Fumigatus, мувла која предизвикува инфекција на белите дробови и го слабее имунитетот.

Почетните поплаки се кашлица, диспнеја и треска. Подоцна се забележува општа слабост, висока температура и губење на тежината. Болеста се одвива со затишје и егзацербација.

Британските научници истакнуваат дека се забележува остар скок на случаите на оваа болест. Тие советуваат во никој случај да не се сушат перените алишта дома, бидејќи влажните алишта содржат околу 2 литри вода кои испаруваат во просториите.

Повеќето луѓе имаат доволно силен имунолошки систем, за да се изборат со астпергилите кои се развиваат во влажна средина. Но, луѓето со послаба заштита на организмот се особено ранливи. Во ризиците спаѓаат и астматичарите.

Аспергилозатата може да им предизвика фатални оштетувања на белите дробови. Експертите советуваат испраните алишта да се сушат или во машини за сушење, или надвор, но во никој случај во просториите во кои спиеме или се храниме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот