Бектеши:ДУИ останува на ставот дека не треба кратење на платите во јавната администрација

Крешник Бектеши

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и понатаму стои на ставот дека во моментот не треба да се направи кратење на платите во јавната администрација, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој додаде дека и како министер, но и како преставник на ДУИ, ги следи сите случувања со приходите и расходите во Буџетот.

– Во зависност како ќе се одвиваат приходите во месец април и мај секако ќе се донесат соодветни одлуки се со цел Буџетот да биде ликвиден, но истовремено државата да има можност да ги плати и пензиите и социјалните трансфери, но истовремно и платите во јавната администрација. Но и да продолжи и со продуктивните пројекти било капитални или други пројекти кој ќе дават позитивен импакт во економската активност во целина во државата, изјави Бектеши.

Воедно тој истакна дека ДУИ во нејзината политика е конзистентна и секогаш останува и донесува одлуки врз база на направени детални анализи во склоп на приходите и расходите во Буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот