Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бебето од Гинекологија нема да остане без прст, откако сестра по грешка со ножици му го потфати прстето кога му го вадела фластерот

На скопската Клиника за гинекологија и акушерство на први декември се случил немил настан, кога акушерка додека подготвувала новороденче да си оди дома, ненамерно додека го отстранувала фластерот, од прстето на бебето го потфатила. Како што соопштија извори од кабинетот на министерот за здравство за „Слободен печат“, веднаш бил повикан детски хирург, кој ја санирал повредата, а новороденчето нема да има инвалидитет. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Викторија Јовановска за „Слободен печат“ вели дека се работи за немил настан, бебето е испишано дома, повредата е санирана со помош на детски хирург и бебето нема да остане без прст.

Бебето имало фластери коишто не можеле мануелно да се извадат, па сестрата користела ножици и така настанала немилата ситуација.

Акушерката добила суспензија и дадена е на Дисциплинска комисија.

Од ГАК соопштија дека изречена и е максимална казна согласно Законот за здравствена заштита, шест месеци ќе и биде намалена платата за 30 отсто и преместена е на друга работна позиција во болницата, каде нема контакт со новороденчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот