Бебе починало при домашно породување во Загреб, уапсена бабица од Австрија

Загрепската полиција уапси 69-годишна австриска државјанка, осомничена за небрежно медицинско лекување со смртоносен исход.

Според соопштението на Полициската управа во Загреб, таа ѝ помогнала на 42-годишна жена за време на раѓање на близнаци во стан, при што едно од децата починало. Несреќата се случила ноќта меѓу 4 и 5 септември на подрачјето на Загреб, пишува Индекс.хр.

Полицијата спровела кривична истрага, а бабицата била приведена и против неа е поднесена кривична пријава за небрежно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот