
„БББ“ се огласија за ситуацијата во Атина: Престанете со овој линч кон стотина хрватски граѓани
По нередите во Атина меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб, во кои животот го загуби еден навивач на грчкиот клуб АЕК, официјално се огласија и верните навивачи на хрватскиот шампион, „Бед Блу Бојси“.
Препорачано
Нивното соопштение го споделуваме во целост:
– Принудени сме да зборуваме по невидениот линч на „Бед Блу Бојс“ во Атина, поттикнат од грчките медиуми и нивната јавност. За жал, значителен дел од хрватската јавност и медиумите се вклучени во сето ова.
Зачудувачки е неверојатната леснотија со која хрватските медиуми ја прифаќаат идејата дека нашите членови се сметаат за одговорни за трагедијата што се случи, без никакви докази за тоа. Доказ не може и нема да има, како што времето ќе открие наскоро. Постои само таканаречената „истрага“ на компромитирани грчки полициски сили, чија единствена цел е подоцна да исценира сценарио кое срамниот чин на употреба на нож во навивачки конфликт им го припишува на Хрватите, со цел да се задоволи крвожедната јавност, медиумите, и политиката.
Ниту Хрватите не поминале лесно: Најмалку тројца навивачи на Динамо имале убодни рани
Во меѓувреме, седум наши браќа во Атина се здобија со повреди од употреба на ножеви. Тројца беа ранети од испукани сигнални ракети, а еден член од нашата група се здоби со дури седум (7!) убодни рани. Има ли некој во Хрватска за кого овие факти го нарушуваат наративот дека „Бед Блу Бојси“ се одговорни за најтешките обвиненија што им се покренати?
Апелираме до сите медиуми и до целата хрватска јавност: Престанете со овој линч насочен кон стотина хрватски граѓани и не учествувајте во него! Не уништувајте и не си играјте со животите на младите заради сензационализам! – стои во пораката на навивачите на Динамо.
Ниту Хрватите не поминале лесно: Најмалку тројца навивачи на Динамо имале убодни рани