Батериите мора да се рециклираат и помалку да загадуваат- нови правила во ЕУ

Фото: Wikimedia Commons

Европскиот парламента одобри ново законодавство за батериите – тие ќе бидат потрајни, поеколошки и подобро работат. Истите мора да имаат помала стапка на штетни емисии, а ќе бидат направени од материјали што може да се рециклираат, пренесува Ројтерс.

– За прв пат имаме законска регулатива за циркуларна економија која го опфаќа целиот животен циклус на производите и тоа е пристап кој е добар и за животната средина и за економијата- рече европратеникот Ахиле Варијати.

Според новите правила, земјите од ЕУ ќе треба да соберат 63 отсто од преносливите батерии за рециклирање до 2027 година и 70 отсто од батериите до 2030 година, пренесува Танјуг. До 2030 година на улиците на ЕУ ќе има околу 30 милиони електрични автомобили, па затоа Брисел очекува значително зголемување на побарувачката за батерии во оваа деценија. Новите правила за производство на батерии за возилата во Европа налагаат строги еколошки кондиционали. Од 2024-та сите ќе мора да декларираат колкаво е загадувањето при изработката на батериите со цел процесот на нивното производство да биде „зелен“.

Влијанието на батериите за електричните возила врз животната средина и заедницата значително ќе се подобри со новиот закон усвоен од пратениците на Европската унија. Согласно новата Регулатива за батерии, се менуваат досегашните правила за набавка, производство и рециклирање на батерии за електрични автомобили.

Затоа, од јули 2024 година, сите производители на батерии кои сакаат да продаваат во Европа ќе мора да поднесат извештај за целокупниот состав на батеријата и присуство на јаглерод диоксиод. Овие податоци потоа ќе се користат за да се одреди максималната граница на ЦО2 за батериите што ќе се применува од јули 2027 година и да се обезбеди компаниите да користат чиста енергија наместо фосилни горива, пишуваат специјализираните портали.

Компаниите кои продаваат батерии во ЕУ, исто така, ќе мора да ги почитуваат правилата дизајнирани да спречат злоупотреба на животната средина, човековите права и трудот во нивните синџири на снабдување. Законот ќе бара од производителите на батерии да идентификуваат, спречат и решаваат широк спектар на прашања поврзани со загадувањето на животната средина. Од 2027 година, производителите на батерии ќе мора повторно да користат (рециклираат) 90% од користениот никел и кобалт, што ќе се зголеми на 95% во 2031 година.

Тоа, исто така, ќе ги зголеми инвестициите потребни за воспоставување поголем капацитет за рециклирање и создавање локални работни места во Европа.Влијанието на батериите на електричните возила врз животната средина и општеството ќе биде значително подобрено со новиот закон кој го усвоија пратениците на Европската унија.

Според последните податоци продажбата на електрични автомобили ширум светот се очекува да се зголеми за 35 отсто, а нивниот удел на вкупниот пазар на автомобили ќе се зголеми на 18 отсто, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Годишниот извештај на IEA, „Global Electric Vehicle Outlook“, покажува дека повеќе од 10 милиони електрични автомобили ќе бидат продадени ширум светот во 2023 година, што е рекорден пораст од 55 проценти во споредба со претходната година.

Податоците покажуваат дека најголем дел од продажбата на електрични автомобили се има во Кина, Европа и САД. Кина беше најголемиот пазар за електрични автомобили минатата година, а нејзиниот удел во глобалната продажба беше 60 проценти.

Европа останува втор најголем светски пазар за електрични автомобили по Кина, со 25 отсто од вкупната продажба во 2022 година. Германија беше најголемиот пазар во Европа со 830.000 нови електрични автомобили регистрирани во 2022 година, потоа Велика Британија со 370.000 и Франција со 330.000. Шпанија регистрираше повеќе од 80.000 нови електрични автомобили.

Продажбата на нови електрични автомобили во САД се приближи до еден милион, додека вкупните резерви достигнаа три милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот