Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Барса најмалку осум месеци без голманот Тер Штеген
Фудбалерите на Барселона славеа победа на стадионот „Де ла Керамика“ во шестото коло од Ла Лига против Виљареал со резултат 5:1 и со тоа одржаа перфектен старт на новата сезона, но славјето беше нарушено со тешка повреда на голманот на каталонскиот клуб, Марк-Андре тер Штеген.
Препорачано
Во финишот на полувремето чуварот на мрежата на Германија фати висока топка, но откако приземји се слушна неговиот врисок кој ги загрижи сите навивачи на Барса.
Тер Штеген беше изнесен од теренот на носилки, а се работи за тешка повреда на коленото на пателарната тетива и според најавите ќе биде надвор од терените најмалку осум до девет месеци, што значи дека неговата сезона е завршена.
Во преостанатиот дел од натпреварот беше заменет со Инаки Пена, кој има многу мало прволигашко искуство, а ова е само една од низата повреди кои ја пустошеа соблекувалната на каталонскиот тим оваа сезона.
Барселона и понатаму е на првото место со 100% учинок и има четири бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Во следното коло „Благурана“ го пречекува Хетафе.
Што се однесува до статистиката на Тер Штеген, тој оваа сезона прими исто толку голови на седум мечеви во сите натпреварувања, со еден дуел без примен гол.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5