фото: EPA-EFE/R. Garcia

Барса го пречекува актуелниот европски шампион ПСЖ, Наполи и Елмас против Спортинг во ЛШ

Денеска се закажани девет натпревари од фудбалската Лига на шампионите, ова е втората половина од второто коло од елитното клупско натпреварување.

Дербито го играат Барселона и ПСЖ. Каталонските гиганти загубија само на еден од последните 12 домашни натпревари во ЛШ, а последниот беше против ПСЖ. Тоа беше во сезоната 2023/24 кога Парижаните славеа со висок резултат од 1:4 во реваншот од четвртфиналето. Потоа париските „светци“ беа елиминирани во полуфиналето од Борусија Дортмунд.

Од подготовките до почетокот на новата сезона, Барселона играше одлично и сè уште не доживеа пораз. Актуелниот европски шампион ПСЖ исто така влезе во новата сезона на одличен начин, победувајќи по ред, а една од нив беше на почетокот од Лигата на шампионите каде Аталанта немаше шанси на Паркот на принцовите.

Сигурно ќе биде интересна пресметката во Кнежевството вечерва, каде Монако го пречекува Манчестер сити, како и дуелот Виљареал – Јувентус.

Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по стартниот пораз од Сити на гости, пред своите навивачи ќе игра против Спортинг од Португалија.

Распоред на натпреварите од Лигата на шампионите за вечерва:

18:45 Унион СГ – Њукасл

18:45 Карабах – Копенхаген

21:00 Барселона – ПСЖ

21:00 Монако – Манчестер сити

21:00 Виљареал – Јувентус

21:00 Наполи – Спортинг

21:00 Арсенал – Олимпијакос

21:00 Борусија Дортмунд – Атлетик Билбао

21:00 Баер Леверкузен – ПСВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот