фото: twitter.com/BurnleyOfficial

Барнли на Дарко Чурлинов во проблеми поради потенцијално местење натпревари?!

Дејли Мејл“ пренесува дека Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) покрена истрага против моментно првопласираниот во Чемпионшип, Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Барнли се најде во неочекувани проблеми, поради потенцијалнo местење натпревари. Во фокусот на истрагата е натпреварот одигран минатиот викенд против Ридинг.

Менаџерот на Барнли, Венсан Компани, реши да донесе практично резервен состав на теренот и да одмори седум главни играчи. Мечот заврши без голови, 0:0.

Сето ова се случи на еден натпревар откако Барнли и математички го обезбеди враќањето во Премиер лигата. Проблемот го посочи Хадерсфилд, тим кој се бори да остане со Ридинг. Во Хадерсфилд веруваат дека Барнли му „подарил“ бод на Ридинг.

Доколку се покаже дека тврдењата на Хадерсфилд се точни, тимот на Барнли ќе се соочи со парична казна, но и многу веројатно со одземање на бодови, пренесуваат англиските медиуми. Навивачите на Барнли стравуваат дека ова сценарио може да значи останување во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот