Фото: PATRICK PLEUL / AFP / Profimedia

Барањата за азил во Германија во 2024 година намалени за значителни 30 отсто

Германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) го објави најновиот извештај за поднесени барања за азил во државата според кој бројот на барања за азил во Германија во 2024 година е значително намален во споредба со претходната година.

Според БАМФ, како што јавува ДПА, вкупно 229.751 лице поднеле почетни барања за азил во Германија, што е за скоро 100.000 барања помалку од извештајот во 2023 година, односно има намалување за 30 отсто.

Најголем број од барањата доаѓаат од државјани на Сирија, Авганистан и Турција.

Покрај ова драстично намалување на бројот на барања за азил, Германија сè уште продолжува да биде омилената дестинација за најголем број бегалци, споредбено со останатите водечки земји-членки во ЕУ како Шпанија, Франција и Италија.

– Успеавме значително да ја намалиме нерегуларната миграција – изјави грманската министерка за внатрешни работи Ненси Фезе.

Таа додаде дека овој остар пад на барањата за азил го смета за успешен, за кој според неа, најзаслужна е донесената одлука за проширените полициски контроли и контроли долж копнените граници на Германија.

„Ние ги попречуваме патиштата за шверц“, истакна Фезер за дадените напори во борбата со криминалот и сите типови на криумчарење.

Германија ги воведе проширените гранични проверки минатата година, и покрај тоа што сите земји-соседи се членки на безвизната Шенген зона на транспорт. Овие мерки првично биле воведени со привремено и нивниот рок завршува во март, но Министерството за внатрешни работи веќе укажа дека проверките ќе продолжат и по тој датум.

Миграцијата и политиката за азил се очекува да бидат меѓу главните теми во фокус на кампањата за претстојните германски парламентарни избори на 23 февруари оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!