
Барак Обама проговори за брачната криза со Мишел: „Се обидувам да се извадам така што…“
Поранешниот американски претседател, Барак Обама, отворено проговори за предизвиците во неговиот брак со Мишел Обама, признавајќи дека нивниот однос поминал низ турбулентни периоди, особено за време на неговото претседателствување.
Препорачано
„Бев во голем заостаток кај мојата сопруга. Се обидувам да се извадам така што повремено правиме забавни работи заедно“, изјавил Обама за време на разговор со претседателот на колеџот Хамилтон, Стивен Тепер, пренесува „Пејџ сикс“.
Иако Обама одамна претчувствуваше дека двата последователни мандати на функцијата, од 2009 до 2017 година, оставиле трага врз неговиот приватен живот, тој во 2023 година изјави: „Ќе кажам само ова – навистина помага што повеќе не сум во Белата куќа и што имам повеќе време за неа“.

Мишел Обама уште во декември 2022 година изјави дека со години се борела со тешки чувства кон сопругот, особено додека ќерките Малија и Саша биле мали.
„Бракот никогаш не е 50-50. Понекогаш сум јас на 70, тој на 30. Понекогаш обратно. Но, знаете што? Ако десет години беа тешки, а сме заедно 30 – вреди. Сè зависи од тоа како гледате на работите“, рече таа.
Во наредната година, таа додаде дека е важно отворено да се зборува за реалноста на брачните односи, бидејќи многу млади се откажуваат од нив при првите пречки. „Компромисите не се секогаш забавни“, рече таа.
Да потсетиме, Барак и Мишел се венчаа во октомври 1992 година, а последниве месеци се мета на шпекулации за можен развод. Гласините се појавија откако Обама присуствуваше сам на низа политички настани, меѓу кои и погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.

Во август минатата година, за време на предизборните активности на Трамп и Камала Харис, семејството Обама повторно се врати на сцената со остри критики кон Трамп. Мишел го обвини за ширење на „грозни, мизогини и расистички лаги“. Тоа беше нивниот последен заеднички јавен настап, по што следеше нејзино повлекување од јавниот живот.
Во март 2025 година, Мишел Обама ги коментираше шпекулациите што кружат на социјалните мрежи.
„Не можеш да живееш според социјалните мрежи. Не дозволувај таа негативна енергија да влезе во твојот простор. Тоа се луѓе кои не те познаваат. Многу од тие работи се измислени и не те хранат на ниту еден начин“, изјави таа.
Извор близок до поранешниот претседателски пар откри дека Мишел е емотивно отсутна од политичкиот живот во Вашингтон и дека не се обидува да глуми совршен брак.