Илустрација / Фото: manassanant pamai / Panthermedia / Profimedia

Банка прогласила жена за мртва: 10 дена минувала голгота, не можела да си ја земе пензијата

Белгијката Вероника (68) неодамна паднала во неволја, но не по своја вина. Имено, жената десет дена не можела да ги добие парите од пензијата затоа што банката по грешка ја прогласила за мртва.

Сè започнало на крајот на април, кога се обидувала да излезе од паркинг, но не можела да го плати билетот со својата банкарска картичка. Истиот ден отишла во филијалата на ИНГ де Стокел за да ги разјасни работите, пишува „РТЛ.бе“.

На шалтерот го објаснила проблемот, а банкарот во системот открил дека веќе десет дена е заведена како мртва.

„Малку се изненадив, но на почетокот ми падна смешно. Им реков: ‘Пред вас имате жив мртовец’“, се присетила Вероника.

Сепак, случајот не бил решен лесно. Иако таа ги имала документите со себе, тоа не било доволен доказ за банката дека е жива.

Следниот ден се вратила во банката со документ од општината кој потврдува дека е жива. Сепак, нејзината сметка останала блокирана. Несреќната жена цела недела одела секој ден на шалтер, но не можела да го реши проблемот.

Во меѓувреме достигнале разни сметки, требала да купува храна, а таа не можела да дојде до своите пари. За среќа, дома имала пари во готовина, а имала и друга сметка од која можела без проблем да вади пари.

Нејзината сметка била одблокирана дури по десет дена, а целиот процес траел само три минути. Банката признала дека ваков случај е исклучително редок. Како што навеле, известувања за смрт се добиваат од надлежните фондови, нотари, деца, партнери, други членови на семејството или познаници на починатиот.

„Низа мерки овозможуваат да се избегне човечка грешка (двојна проверка, компјутерска проверка и сл.) Но, постои можност да дојде до грешка, дури и да е минимална“, навеле од банката.

Иако жената поминала низ голготата за да си ги добие парите, портпаролката на Фебелфин, белгиската федерација на финансискиот сектор, наведува дека овие мерки се „разумни“.

„Оваа мерка има за цел да ги заштити наследниците, да спречи испразнување на сметката пред да се подмири оставината, да се спречи едно лице да подигне пари без согласност на наследникот“, реклс портпаролката на бакната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот