Нигерија полиција / Фото EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Бандити тероризираа село во Нигерија – шестмина убиени, над 100 киднапирани

Најмалку шест луѓе се убиени, а повеќе од 100 други – меѓу кои жени и деца – се киднапирани во напад врз заедницата Каиру во северозападниот дел на нигериската држава Замфара, изјави локален пратеник за Ројтерс.

Замфара е епицентар на напади од страна на вооружени банди, кои последниве години шират страв и несигурност во северозападна Нигерија. Илјадници луѓе се киднапирани, стотици убиени, а патувањето и земјоделските активности во некои региони станаа небезбедни.

Напаѓачите го нападнале селото Каиру околу 10:40 часот. Локалниот пратеник Хамису Фару го потврди нападот, велејќи дека „киднапирани се најмалку 100 лица, меѓу кои жени и деца“.

Напаѓачите ја држеле заедницата под опсада речиси два часа пред да ги одведат жртвите.

Илјадници жители веќе ја напуштиле областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот