
Бакингемската палата преплавена со писма за Кејт Мидлтон: Неделно добива повеќе од илјада со желба за побрзо закрепнување
Вработените во Бакингемската палата се многу зафатени во последно време, со оглед на количината на писма што ги добиваат секој ден, и се обидуваат да одговорат речиси на сите.
Препорачано
Поминаа нешто повеќе од два месеци откако принцезата Кејт Мидлтон објави дека ѝ е дијагностициран рак. Оттогаш до денес, во Бакингемската палата пристигнуваат десетици илјади писма и подароци за принцезата, како знак на поддршка во тешките времиња низ кои минува. Како што пренесува „Дејли мејл“, палатата е трогната од љубовта што многумина ја покажаа кон Кејт.
Вработените во палатата, како што пренесуваат странските медиуми, во последно време биле многу зафатени со оглед на количината на писма што секојдневно ги добиваат и се обидуваат да одговорат речиси на сите. Инаку, палатата добива и до 1.000 писма неделно, а таа бројка значително се зголеми пред два месеци.
Да потсетиме, Кејт во јануари заврши во болница каде беше оперирана на абдоменот. Два месеци подоцна, таа на социјалните мрежи откри дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а од јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување.
Оттогаш нема официјални информации за нејзината здравствена состојба, наводно принцезата почесто излегува со семејството. Сепак, Кенсингтонската палата соопшти дека на принцезата сепак ѝ треба време и простор за да се опорави.
Кетрин е пред Вилијам по популарност: Омразениот принц Ендру на последното место