Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Бајден не бил запознаен со содржината на доверливите документи од неговиот потпретседателски мандат
Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел.
Препорачано
„Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во документите”, изјави американскиот претседател на прес-конференција по средбата со мексиканскиот претседател и канадскиот премиер во Мексико Сити.
Бајден додаде дека неговите адвокати „целосно ќе соработуваат”.
Белата куќа вчера објави дека американското Министерство за правда ги истражува можните доверливи документи пронајдени во поранешните канцеларии на американскиот претседател во институтот каде што работел во Вашингтон.
Специјалниот советник на претседателот, Ричард Заубер рече дека „мал број доверливи документи” биле откриени додека адвокатите на Бајден ги празнеле канцелариите на Центарот Пен Бајден.
Бајден имаше канцеларија во центарот од кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година до започнувањето на неговата претседателска кампања во 2019 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
41мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5