
Бајден и Џонсон се соочуваат со ист проблем: Дали пандемијата ќе биде решавачка за нивните мандати?
Пандемијата на коронавирус им задава главоболки на многу лидери и предизвика критични моменти во многу земји ширум светот. Властите во од се учат какви мерки да преземат, а некои се чини дека направиле подобри мерки од другите. Така, грешките на некои политичари доведоа до пад на нивниот рејтинг – Од позвучните имиња секако се се издвојуваат американскиот преседател Џо Бајден, и британскиот премиер Борис Џонсон.
Препорачано
Како што наведува СНН, големите грешки доведоа до пад на рејтингот на Бајден: тој ја намали важноста на галопирачката инфлација, ветуваше премногу во врска со пандемијата што ги исмева политичките распореди и претседаваше со дебаклот во Авганистан. Но, исто така, фер е да се запрашаме дали некој друг претседател ќе може подобро да се справи со кризите со кои се соочи Бајден?

Тој се бори со вирусот, кој се покажа како вешт во откривањето на социјалните и политичките грешки во американското општество. Многу од економските проблеми што го прават непопуларен се глобални наместо локални, вклучувајќи го и синџирот на снабдување што ги прави стоките поскапи.
Бројките никогаш не биле во корист на Бајден. Сенатот е поделен со 50-50 и мало мнозинство во Претставничкиот дом не е добар предуслов за лесен успех. Американците се исцрпени, поделени еден против друг, преку глава од растот на цените и страв од влијанието што изгубените месеци на училиште поради ковидот, може да го имаат врз нивните деца.
СНН наведува дека се повеќе неконтролираните настани и неговите сопствени политички чекори во досегашниот мандат го доведуваат Бајден во опасна позиција во пресрет на престедателските избори.
Во обид да го поправи трендот на опаѓање а својот рејтнг, . Бајден објави дека таблетите од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ го намалила ризикот од хоспитализација или смрт од ковид за 89 отсто .
„Оваа вест дава уште едно потенцијално моќно оружје во нашата борба против коронавирусот, вклучително и варијантата Омикрон“, рече Бајден во изјавата, додавајќи дека неговата администрација „веќе нарачала доволно од овие таблетите за лекување на 10 милиони Американци“.
Сепак Бајден предупреди дека вакцинацијата и натаму останува главна превентивна мерка, .

И додека на Бајден не му оди баш најдобро, британскиот премиер Борис Џонсон минува низ кошмарна политика, која дури и неговиот речник, заситен со хипербола, не може да ја опише.
На почетокот на пандемијата, често можеа да се слушнат анегдоти за политичарите фатени како ги кршат правилата што им ги наметнаа на другите – со одење на вечера или престојување на некои места за време на карантин. Британскиот премиер г неколку пати беше виден без заштитна маска на јавни настани, поради што британската јавност доби впечаток дека за него не важат правилата .
Сега, најновите сознанија за забавите кои ги организирапе Даунинг стрит минатиот декември – во време кога на Британците им беше кажано да не го слават Божиќ – ја доведоа неговата влада во хаос, а опозицијата, во одлична позиција со аргумент плус во политичката борба

Тајмингот е штетен бидејќи скандалот е обелодоенет во сред кризата. Џонсон наметнува нови правила на ограничувања за да и застане на патот на омикронската варијанта на короната , па се поставува прашањето зошто граѓаните да се придржуваат до тоа кога политичарите претходно ги прекршиле правилата.
Позицијата на Џонсон дополнително се разниша кога минатата недела околу 100 пратеници од ториевците гласаа против неговите ограничувања за корона пандемијата . Неговиот кредибилитет е нарушен, партијата многу лесно може да му сврти грб, а се чини дека неговиот рејтинг почна да избледува .