фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Бах: Единствена права одлука – боксот ќе биде на Игрите во Лос Анџелес 2028

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах му препорача на Генералното собрание да го вклучи боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

– На состанокот на Извршниот одбор на ИОК донесовме една правилна одлука, а тоа е да го вклучиме боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес – рече Бах.

Одлуката мора да биде усвоена на седницата на собранието во Грција, каде оваа недела ќе се избира нов претседател на ИОК.

Бах изрази „увереност“ дека ќе биде донесена одлука за вклучување на боксот.

– Значи, боксерите од целиот свет ќе имаат сигурност дека можат да учествуваат на Олимписките игри во Лос Анџелес – додаде тој.

Одлуката следи по привременото признавање на младата меѓународна федерација „World Boxing“ во февруари, со што ја исфрли од олимпиското движење Меѓународната боксерска федерација (ИБА) под руско влијание.

„World Boxing“ е основана во 2023 година, а на крајот на минатиот месец броеше само 78 членови, значително помалку од другите признати спортски организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот