„Баделки“ преку Партизан до историски пласман во ВАБА Суперлигата

жкк бадел 1862
Кошаркарките на Бадел 1862 по вторпат триумфираа над белградски Партизан/Фото: waba-league.com

Македонскиот женски кошаркарски клуб Бадел 1862 стигнаа до историски пласман во првата „четворка“ која продолжува во втората фаза од женското регионално натпрварување.

За тоа им требаше уште една победа над белградски Партизан од Србија, а „баделки“ вечерва го реализираа тоа со победа од 58:46.

Го најавија планираниот триумф домашните кошаркарки уште во првото полувреме во кое по израмнетата прва четвртина, во втората дојдоа до посакувана разлика, и тоа од десет поени, реализирана преку неколку „контри“ и „полуконтри“. Во голем дел преку Трајчевска, на која одлично и асистираше Кметовска, која и немаше рамноправен противник во рекетот.

На полувремето, Бадел 1862 водеше со сосема солидни (34:24). Но, избраничките на тренерот Перо Стамески не се задоволија со тоа водство. Притиснаа уште повеќе по одморот. Во третиот дел од играта му дозволија на противникот да постигне само шест поени Дадоа двојно повеќе 13, и стигнаа до недостижна предност (47:30).

Кметовска финишираше со „дабл-дабл“ ефект од 20 поени и 10 скока, двоен скор имаше и Трајчевска изразен преку 16 поени и 13 скока (плус и четири асистенции), додека двоен број на поени – 15, реализираше и Димова.

Во Суперлигата, која стартува по новата година, кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат уште осум натпревари против екипите на Будуќност Бемакс, Орлови, Војводина 021 и Триглав, кои беа најдобри во групата „А“ во која настапуваше нашиот втор претставник – Баскет Кам 2011.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот