Азмоски: Го урнаа „Космос“ без да кажат еден збор

Јас сум управител на фирмата „Фине“ и ги работев сите законски обврски. На 24 ноември 2010 година ги добивме локациските услови, а на 3 декември и протоколот за работа. Во тој период веќе се направи пресметката со општина Гази Баба и Град Скопје. Потпишавме нотарски акти со двете институции. На 24 декември 2010 година го добивме одобрението за градење. Ден подоцна беше уапсен Велија Рамкоски. На 21 јануари истото одобрение ни го поништија. Тоа беше првиот удар за нашата компанија, изјави бизнисменот Ардинај Азмоски управител на фирмата „Фине“, која го гради големиот станбен комплекс „Космос“.

Азмоски овој исказ го даде на денешното рочиште за случајот „ТНТ“.

– Ја започнавме градбата, но во меѓувреме бидејќи имавме партија, беше решено таа да коалиција со СДСМ. На 31 мај дојде сега обвинетата инспекторка, вршела одредени мерења и си заминала. По изборите на 5 јуни таа му се јавила на раководителот на објектот и му кажала дека се спрема нешто лошо. На 15 јули инспекторката ни донесе решение за затварање на градилиште и за отстранување на градба – изјави Азмоски.

Сведокот рече дека неговиот бизнис партнер се обидувал, но не успеал да се сретне со сега обвинетиот Никола Груевски. Тој рече дека откако бил урнат објектот, се уште трпеле непрофесионално однесување од страна на општинските власти, посебно од сега обвинетата инспекторка.

– Сега повторно градиме и објектот е при крај – рече Азмоски.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот