фото: БФМ

Аземи „бронзен“ на Европското првенство во Будва!

Денеска македонскиот репрезентативец во бокс, во полуфиналето Ардијан Аземи во категоријата до 91 килограм ги одмери силите против Русинот Владислав Комаров.

Нашиот натпреварувач во една рамноправна борба со судиска одлука 2-3 беше поразен во битката за настап во финалето и на крајот го освои бронзениот медал.

Претходно Аземи во текот на Европското првенство (јуниори 17 и 18 години) во Будва со едногласна одлука на судиите го победи Јакуб Стражевски од Полска во првото коло, а потоа беше подобар и од Хрватот Гацина Дује.

Пред 25 години успеавме да се закитиме со првиот медал на евро шампионатите, тогаш Примислав Димовски се искачи на победничкиот подиум на ЕП за млади во Турција.

А потоа имавме и медал на ЕП во сениорска конкуренција пред 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!