Александар Шаленберг/ Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриски нон-пејпер за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг и министерката за европски прашања Каролин Едштадлер сакаат да промовираат побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и за таа цел напишаа писмо и „нон пејпер“ до високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за проширување. Тие му презентираа конкретни предлози на Оливер Вархељи.

Во „нон-пејперот“ се наведени предлозите што беа претставени во мај 2022 година, пренесува австрискиот јавен радиодифузер ORF.

Од гледна точка на двајцата австриски министри, документот има за цел да го забрза стагнантниот процес на проширување на ЕУ. Во своето писмо, Шаленберг и Едштадлер ја повикуваат ЕУ да има „јасен план за побрза интеграција до 2024 година и понатаму“.

Според нацрт-документот, акцискиот план треба да обезбеди конкретни чекори за спроведување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан до 2024 година и потоа.

Финансиската поддршка има за цел да стане поефикасна преку подобрен систем на стимулации моделирани според плановите за реконструкција и отпорност. Згора на тоа, земјите од Западен Балкан треба редовно да бидат поканети да учествуваат неформално на состаноците на Советот на ЕУ.

ОРФ наведува и дека проширувањето на ЕУ е високо на агендата на неформалниот самит на шефови на држави и влади на ЕУ следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот