Австралија: Уништени десетина домови во пожарите во близина на Канбера

Фото: EPA/LUKAS COCH

До денес изгореа 55.000 хектари шума и обработливо земјиште во овој регион, во должина од 148 километри, соопште Австралиската агенција за вонредни служби за главниот град.

Десетина домови во текот на ноќта се уништени на југоистокот на Австралоја, но опасноста од пожари сега е помала во сојузната држава Нов Јужен Велс и околу гралниот град Канбера.

Официјалните лица соопштија дека регионот Бега Вели Шајр на 240 километри јужно од Канбера треба да биде проценет од противпожарната служба на Нов Јужен Велс.

– На ова место се уништени уште домови, на десетина луѓе. Сакаме тоа да го утврдиме за да можеме да продолжиме да ја поддржуваме нашата заедница. Овој пожар се уште не е завршен – рече претставничка на советот од ова место.

Портапролот на противпожарната служба Грег Алан рече дека тимовите ја проценуваат штетата и дека во следниот период треба ги потврдат медиумските извештаи за униптени куќи во близина на селото Бумбалонг, 92 километри јужно од Канбера.

До денес изгореа 55.000 хектари шума и обработливо земјиште во овој регион, во должина од 148 километри, соопште Австралиската агенција за вонредни служби за главниот град.

– Огнот е се уште активен. Пред нас се денови и веројатно недели за гаснење на пожари – велат надлежните.

Луѓето кои живеат во близина на местата кадешто пустошат пожарите се предупредени да бидат многу внимателни, а вонредната состојба се уште е на сила. Пожарите кои беснеат ширум јужна Австралија однесоа најмалку 33 животи од септември, а уништени се повеќе од 3.000 домови и опустошени се повеќе од 10,6 милиони хектари земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот