
Авиокомпанија нуди летови до непозната дестинација: Дали би се осмелиле да резервирате?
За сите оние кои сакаат да патуваат, а немаат поим каде да одат, „Скандинавиан ерлајнс“ (Scandinavian Airlines) излезе со интересна понуда која ја решава таа дилема. Како дел од својата програма „мистериозни патувања“, компанијата нуди летови во рамките на Шенген зоната, но без да ја открие дестинацијата пред полетувањето.
Препорачано
Scandinavian Airlines are running “unknown” destination flights.
You buy a ticket and board the plane. Then you find out where you are going.
Would you do it? pic.twitter.com/ANppaweOUw
— Miss Jo (@therealmissjo) April 6, 2025
Овој необичен концепт привлече големо внимание на социјалните мрежи кога корисникот Miss Jo (@therealmissjo) сподели фотографија од аеродромот со натпис: „Купете карта, качете се и дури тогаш ќе дознаете каде одите. Дали би го пробале тоа?“
Реакциите беа поделени, додека некои беа воодушевени од идејата за изненадување, други изразија загриженост за практични прашања како што се барањата за виза и наоѓање сместување. Меѓутоа, бидејќи сите дестинации се во Шенген зоната, не би требало да има проблем со визите.
Една од главните грижи на патниците е поврзана со пакувањето – што да понесете ако не знаете дали одите на брегот на Шпанија или студениот Рејкјавик?
„Не би отишол бидејќи не би знаел што да спакувам“, напишал еден корисник.
Друг прашал: „Звучи интересно… но дали мора да најдете сопствено сместување кога ќе слетате?“
Ова не е првпат „Скандинавиан ерлајнс“ да спроведува ваква програма. Минатата година, патниците завршија во Атина, додека во тековниот круг, некои завршија во Севиља – според коментарите на социјалните мрежи.
Како и досега, билетите беа достапни исклучиво за членовите на програмата за лојалност и само со акумулирани поени. Се распродадоа за само четири минути.
Слични идеи спроведуваат и други компании како Wowcher, кои организираат „мистериозни патувања“ низ светот. Во овие случаи, дестинациите не се ограничени само на Европа – така што постои можност да завршите на Бали, Малдиви или друга тропска дестинација.