Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/DARREN ENGLAND

АТП: Рафа Надал ќе игра на турнирот во Барселона

Рафаел Надал ги израдува своите фанови со веста дека по подолг период се враќа на теренот, а познато е и на кој турнир.

Шпанскиот тенисер ќе учествува на АТП турнирот од Мастерс 500 серијата во Барселона, а веќе се знае со кого ќе игра во првото коло.

Надал ќе игра против Флавио Коболи од Италија, а доколку го совлада, во второто коло ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минор, кој е слободен во првото коло.

Инаку, ова ќе биде прв турнир за Надал по Бризбејн, а треба да се напомене и дека во Барселона нема да биде најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Прв носител на турнирот е сонародникот на Рафа, Карлос Алкараз, кој е слободен во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот