Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Артан Груби: Од Америка добиваме болници, патишта и градинки, а од Русија само проблеми

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби на денешното отворање на новиот Центар за трансплантација на матични клетки на Клиниката за хематологија рече дека после 8 мај, апсолутен приоритет на новата влада треба да биде изградбата на нов Клинички центар. Овој проект сите министри  и премиери го ветуваат, ама никој не го реализираше, иако е дел од предизборниот фолклор уште од времето кога премиер беше Никола Груевски. Груби денеска ги спомена и стратешките одлуки, кои, според него, граѓаните ќе треба да ги направат на изборите. Фактот што американската влада донираше 1 милион долари за да се отвори Центарот за трансплантација на матични клетки во Скопје, беше мотив Груби да почне да зборува за разликите меѓу Русија и Америка.

– Апсолутен приоритет на новата влада после 8 мај треба да биде новиот Клинички центар. Да го изградиме заедно, зашто е потреба на сите наши граѓани.  Овој проект е потврда дека сѐ што добиваме од Русија се проблеми, провокации и обиди за застранување од европскиот пат. А сѐ што добиваме од владата на Америка е поддршка за нашите европски аспирации, реновирање болници, градење на патишта и градинки. Граѓаните треба да видат што добиваме од нашето партнерство со ЕУ и САД, а што добиваме од деструктивното малигно влијание на Русија. Многу е важно да направиме одлука дали ни треба европска или проруска Македонија, рече Груби.

Англиска и турска компанија заинтересирани за изградба на новиот клинички центар, вели Меџити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот