Фото: Фејсбук

Арсовска на средба со градоначалникот на Бања Лука, поведена иницијатива за збратимување на двата града

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети градот Бања Лука, на покана на градоначалникот Драшко Станивуковиќ, на која се поведе иницијатива за збратимување на двата града.

Како што информираат од Град Скопје, на средбата се дискутирало за повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и постои огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што Скопје и Бања Лука поведоа иницијатива за збратимување на двата града. Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од заемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот