фото: FC Shkupi

Арслан: Бевме подобри од Левски во последните 15 минути, но не ги искористивме шансите

Шкупи со два порази е елиминиран од Левски во второто квалификациско коло на Конференциската лига. И покрај поразот од 1:0 на реваншот во Софија, тренерот на Шкупи, Џихад Арслан, на прес-конференцијата по натпреварот го изрази своето задоволство од играта на неговиот тим и покрај тоа што прими гол во 101 минута.

Чаирчани не успеаја да го остварат изненадувањето, дури и како што рече Арслан, тој и неговите помошници ги подготвија и ги мотивираа да веруваат дека сè е можно во реваншот.

Во секој случај, натпреварот беше важен за двата тима. Но, ние отидовме во него со негатива од 0:2 поради поразот во Скопје и се обидовме да им објасниме на играчите дека сè е можно и покрај јасната идеја дека силен противник нè чека. Се обидовме да ги бодриме, но на крајот не успеавме да го изненадиме Левски. Мислам дека успеавме во тоа да се бориме до крај, но, не и да постигнеме резултат.

Во последните 15 минути бевме подобриот тим на теренот, имавме 2-3 добри шанси за гол, но не ги искористивме. На крајот, сакам да му честитам на Левски за победата и да им посакам успех во следната фаза од натпреварувањето – вели Арслан.

Во третото квалификациско коло од Конференциската лига Левски ќе игра против Хапоел Беер Шева од Израел. Играчите на Арслан сега се фокусираат на мечевите од домашното првенство, во првото коло на 7 август (понеделник) ќе му гостуваат на Работнички од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот