фото: EPA/ANDY RAIN

Арсенал би можел привремено да се пресели на Вембли

Фудбалскиот клуб Арсенал започна внатрешни разговори за можна експанзија на капацитетот на својот стадион „Емирати“, пренесе Би-Би-Си.

Како што се наведува, проектот е сè уште во многу рана фаза и засега нема конкретен план за тоа како би се извршиле градежните работи. Една од опциите што се разгледува е Арсенал, за време на изведбата на реконструкцијата, своите домашни натпревари да ги игра на легендарниот „Вембли“.

Следната година ќе се навршат точно 20 години од преселбата на Арсенал од „Хајбери“ на „Емирати“ стадионот.

Исто така, се разгледува можноста за промена на распоредот на седиштата со цел да се добијат неколку илјади дополнителни места и стадионот на Арсенал да остане конкурентен со најголемите арени во земјата.

„Емирати“ моментално има капацитет од 60.704 места и е петтиот по големина фудбалски стадион во Англија што е во сопственост на некој клуб.

Најголем е „Олд Трафорд“ со 74.879 места, кој по најавената изградба на новиот стадион на Манчестер Јунајтед би можел да достигне дури 100.000. Потоа следуваат арените на Тотенхем (62.850), Вест Хем (62.500) и Ливерпуловиот „Енфилд“ (61.276).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот