„Арс Ламина“ го објави бестселерот „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, неодамна од печат излезе новиот роман „Малибу во пламен“. Трите книги се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата на годината според „Гудридс“ – „Малибу во пламен“, која оригинално беше објавена лани, за кратко време стана бестселер на „Њујорк тајмс“, а доби позитивни рецензии од „Буклист“, „Паблишерс викли“, „Ајриш тајмс“, „Парејд“ и „Вашингтон пост“. Се најде на листата со најдобро книги според „Тајм“, „Поп шугар“, „Тин вог“ и „Вашингтон пост“. Ја освои наградата за најдобар роман со историска фикција за 2021 година на „Гудридс чојс авордс“.

Стриминг-сервисот „Хулу“ ги откупи правата за снимање на мини-серија базирана на книгата, која може да се очекува наскоро, посочуваат од „Арс Ламина – публикации“.

Во „Малибу во пламен“ четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубов, а тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 136, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10 јули 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!