Арина Сабаленка/фото: EPA/MARK LYONS

Арина Сабаленка во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Најдобрата тенисерка на светот, Белорусинката Арина Сабаленка, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Синсинати, САД, откако доцна синоќа ја победи Џесика Бузас Манеиро од Шпанија со 6:1, 7:5 во осминафиналето во меч кој траеше 81 минута.

Ова беше втор дуел помеѓу двете тенисерки, а втор триумф за Сабаленка, која ја брани титулата на турнирот.

Сабаленка ќе игра во четвртфиналето против Елена Рибакина од Казахстан, која ја совлада Американката Медисон Кис со 6:7 (3), 6:4, 6:2.

Ана Калинскаја со пресврт 3:6, 7:6 (5) и 6:1 ја совлада Екатерина Александрова. Калинскаја за пласман во полуфиналето ќе игра против Ига Швјонтек од Полска.

Останатите четвртфинални двојки ќе ги дознаеме по одигрувањето на мечевите: Сеидел Е. – Грачева В., Кудерметова В. – Линет М., Паоли Ј. – Крејчикова Б. и Бронзети Л. – Гоф К.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот