
Аријан Адеми е нов фудбалер на унгарскиот Ујпешт
Унгарскиот фудбалски клуб Ујпешт се засили со централниот играч од средниот ред, поранешниот македонски репрезенативец Аријан Адеми (34). Со Динамо Загреб 13 пати беше шампион на Хрватска, а освои и седум Купа и четири Суперкупа со хрватскиот гигант. Одигра 110 натпревари (вклучувајќи ги и квалификациите) во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, постигнувајќи два голови и шест асистенции.
Препорачано
Се докажа против врвни европски тимови како Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал, Манчестер сити, Милан. Стана професионалец на ХНК Шибеник, но веднаш се пресели во Динамо со 430 настапи во текот на 15 години, со учинок од 47 голови и 32 асистенции.
Адеми е познат по својата борбеност и страст кон играта, а го познава и тренерот на Ујпешт, Дамир Крзнар, со кого претходно соработуваше во Динамо. Вреди да се спомене и дека Адеми можеби добро го познава и напаѓачот на Ујпешт, Фран Бродиќ, исто така од неговото време во Загреб.
ВИДЕО | Стефан Ристовски веќе не е фудбалер на Динамо Загреб
– Го познавам Аријан многу добро од Динамо, тој е вистински лидер кој е способен за сè на теренот за да победи. Тој е исклучително скромен, совршено знае што сакам да видам во играта и ќе ми биде од огромна помош во обезбедувањето сите да можат да видат спектакуларен, бескомпромисен Ујпешт оваа сезона – се зборовите на Крзнар.
Настапуваше за хрватските младински и возрасни репрезентации, но од 2014 година одлучи да го носи дресот на А репрезентацијата на Македонија, со која учествуваше и на Европското првенство во 2021 година.
– Може да се игра оваа игра без страст, но нема смисла. Не сакам да давам ветувања или да користам големи зборови, претпочитам да покажам на теренот дека сè уште имам многу енергија за да бидам „моторот на Ујпешт – вели Адеми за клупскиот сајт.
Минатата сезона во најсилниот унгарски шампионат екипата на Ујпешт го освои седмото место со 41 бод.