
Апликациите за барање партнер делуваат на вашето здравје: Еве како!
Иако апликациите за состанување со партнер како Тиндер, Бамбл или Баду се навистина популарни, истражувањата покажуваат дека неповолно влијаат на вашето ментално здравје – пишува „Index.hr“
Препорачано
Студијата од Универзитетот во Тексас покажа дека оние кои ги користат овие апликации имаат голема шанса да развијат негативна слика за сопственото тело. Исто така оние луѓе кои ги договараат состаноците исклучиво онлајн, се оние што не си го сакаат доволно лицето или телото, за разлика од оние што се договараат во живо. Дополнително, се покажало дека корисниците имаат намалена самопочит, што е навистина загрижувачки.
Џесика Струбел, авторката на студијата вели:
„Очекувајќи дека другите ќе ги гледаат и оценуваат, корисниците на споменатите апликации можат да станат акутно сосредоточени на себе“.
Апликациите може да предизвикаат самопрезир и зависност
Корисниците на апликациите за состанување со партнер, често ги игнорираат пораките или ги пропуштаат договорените состаноци, што може да предизвика лутина или самопрезир. Струбел вели дека речиси 50% од корисниците практикуваат „Ghosting“ односно целосно игнорирање на комуникацијата и смета дека тоа потенцијално може да остави големи емоционални последици.

Освен тоа, пишаната комуникација преку овие апликации може да донесе секакви недоразбирања или неумесни толкувања. Во истражувањето направено на Универзитетот во Јужна Флорида, се покажало дека најдобар начин за комуникација е да го направите тоа во живо и помеѓу 17 до 23тиот ден од почетокот на комуникацијата. Истражувањата велат дека освен што создаваат социјална изолираност, овие апликации често доведуваат до лош избор, погрешен партнер, па дури и стапка кон криминал (сетете се само на оваа приказна):
Освен тоа, може да создаде и зависност, затоа што корисниците често проверуваат дали има нешто „ново“ на телефонот и чекаат „награда“ која им ослободува допамин во мозокот кога ќе им стигне нотификација или некакво „спарување“ со потенцијален партнер.