Димитар Апасиев / Фото: ТВ 24

Апасиев: Најлошото што можете да го направите е да не излезете на избори

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ „24“ упати апел до граѓаните за масовна излезност на претстојните локални избори, предупредувајќи на опасноста од апатијата и апстиненцијата.

„Она што загрижува е апстиненцијата и апатијата кај луѓето, а токму тоа го сакаат властодршците. Значи, на било кои избори, особено на вакви избори, локални, каде што за советници вие немате цензус, најлошото нешто што можете да го направите е да не излезете на избори,“ рече Апасиев.

Тој вели дека големите партии веќе имаат обезбедена клиентелистичка база на гласови, што им дава значителна предност:

„Тогаш, пајташите вмровци, кои што се триста илјади, они си ги имаат администрација, клиентела, тендерашите, мафијашите, плус пензионерите – еве сега во септември пак ќе им зголемат пензии. Значи тој хдзеовски модел си функционира беспрекорно, и имате триста илјади гласа фиксно од старт, и тие луѓе ќе ви одредат кој ќе ви бидат градоначалници, кој ќе ви бидат советници, кој ќе ви носи дупови, гупови, кој ќе ви чисти, кој нема да ви чисти пред зграда, пред куќа, кој ќе ви го собира ѓубрето, кој ќе ви го пали“, вели Апасиев.

Тој додаде дека разбира зошто граѓаните се разочарани од системот, но предупреди дека аполитичниот став може да ја зајакне власта на неквалификувани структури.

„Јас го разбирам убаво антистејтизмот, тој е оправдан при ваква нефункционална држава и систем, но така бегајќи преку тој ескапизам, дека вие сте над политиката, вие дозволувате полуписмена вмраана да ве владее. И тоа не е баш интелигентно решение. Многу е неинтелегентно да не излезете на избори кои што немаат цензус, затоа што тогаш партиите ќе ве прегазат и нема после жалење, после ќе си ги трпите четири години, и тоа ќе ви биде реалноста,“ додаде лидерот на Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот