фото: EPA-EFE/Neil Hall

Антонио Конте и дефинитивно ќе биде тренер на Наполи

Според најавите, Антонио Конте во среда на 5 јуни ќе потпише договор со Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.

Славниот фудбалски тренер ќе биде на клупата на шампионот на Серија А од 2023 година во следните три години.

Поранешниот стратег на Јувентус, Челси, Интер, Тотенхем и селектор на италијанската репрезентација во Неапол треба да добие плата од седум милиони евра, со бонус од еден милион евра за трите години од договорот.

Конте имаше успешна играчка кариера во Јувентус со кој освои голем број трофеи, а го носеше и дресот на Лече.

Како тренер освои три шампионски титули на Италија со Јувентус, една со Интер, а со Челси беше англиски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот