Фото: МИА

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска Давкова – Академијата за судии го крши Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупција го усвои приговорот на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители.

Од Антикорупциска велат дека ќе преземат мерки согласно надлежностите и ќе иницираат постапка за утврдување на одговорност пред надлежните органи.

Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.

Силјановска-Давкована 6 април поднесе приговор до Антикорупциската комисија, според кој Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заславала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во приговорот се вели дека Аладемијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошки тест и тестот за интегритет, на 29 март објавила и распоред за полагање на квалификациски тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот