АНКЕТА: Повеќе од половина републиканци сметаат дека Трамп е подобар лидер од Линколн

Повеќе од половина од републиканците, 53 проценти од анкетираните, сметаат дека Доналд Трамп е подобар лидер од Абрахам Линколн, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Економист/ЈуГов.

Само 47 проценти од републиканците сметаат дека политичарот кој победил во Граѓанската војна и го укинал ропството направил подобра работа во Белата куќа.

Вкупно 75 проценти од сите Американци, од кои 94 проценти се демократи, сметаат дека Линколн е подобар од Трамп.

Истата анкета покажува дека 90 проценти од републиканците веруваат дека Трамп, за кого дури и приврзаниците признаваат дека има проблем со изнесување на вистината, прави добра работа како претседател на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот