
Андреевски: Не одиме со бело знаме во Белград, ќе се бориме за опстанок на ЕП Дивизија А
Денеска машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе го игра првиот натпревар од Европското првенство Дивизија А што ќе се организира во Белград. Избраниците на селекторот Горан Андреевски од 16.00 часот во Белградската арена ќе игра против Литванија во првото коло од групата Ц во која се и селекциите на Грција и домаќинот Србија.
Препорачано
Извесно е дека примарна цел на нашата селекција „Под 18“ години ќе биде да се дојде до опстанокот во ова ТОП 16 друштво. Мечевите на ЕП Дивизија Б можете да ги следите во живо на Јутјуб каналот на ФИБА
– Подготовките беа успешно завршени. Се трудевме, најреално, да ги избереме дванаесеттемина. Условите за тренинг ни беа одлични. Голема сала во Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’, како и фитнес-центарот. Одигравме пет пријателски натпревари, а единствен проблем беше тоа што четири од нив, беа со екипи од „Б“ дивизијата, и на тој начин немаме јасна претстава на кое ниво ни е екипата во споредба со оние од ‘А’ дивизијата. Играчите кондициски се максимално спремни, трчаат феноменално во одбрана и транзиција во напад. Физичката подготвеност е на многу ниско ниво што би ни преставувало сериозен проблем.
Литванија е првиот противник на јуниорите на ЕП Дивизија А во Белград
Ослабени сме за Лука Марјановиќ, нашиот прв плејмејкер на екипата, како и пропуштањето на можноста Бутемер да добие македонски пасош каде за седум дена, како временски простор, ја загубивме таа можност. Со него екипата би имала друг лик, и би била многу посериозен противник. И покрај тоа што сме свесни за нашите слабости, ние не одиме на Европското првенство со кренато бело знаме, ниту да се прошетаме во Белград. Одиме максимално мотивирани во секој натпревар, со цел да пружаме квалитетни партии и да бидеме рамноправен противник со сите.
Тука не сме да се предаваме предвреме како во минатото. Напротив, размислуваме за победа на секој натпревар. Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман. И покрај тоа што имаме најмлада репрезентација на првенството, во која дури осум играчи се 2008 годиште, ќе се обидеме со добра игра, да ги натераме противниците да нè респектираат како што ние ги респектираме – вели селекторот Андреевски.
МАКЕДОНИЈА „ПОД 18“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „А“ ВО СРБИЈА
#1 Никола Јаничиќ 198см. ниско крило Водно Санс
#4 Михајло Малиниќ 206см. центар Сити Бадајоз Акад. (Шпанија)
#6 Ристе Букршлиев 184см. бек Кожув
#7 Жарко Терзиевски 190см. бек Вардар
#8 Дамјан Данев 203см. силно крило Вардар
#9 Илин Најков 203см. крило Вардар
#11 Филип Сребров 190см. бек-шутер Водно Санс
#12 Григориј Ѓорѓевиќ 193см. бек Вардар
# 17 Марко Бајалџиев 188см. бек Водно Санс
#21 Дамјан Стојаноски 201см. крило Феникс 2010
#23 Дарјан Димовски 198см. крило Водно Санс
#55 Стефан Сапроновски 187см. бек Борец баскет