фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Андреева ја совлада Швјонтек на турнирот во Дубаи

Мира Андреева уште еднаш направи изненадување, 17-годишната руска тенисерка триумфираше над петкратната Грен слем шампионка, а моментно второпласирана на ВТА листата, Ига Швјонтек.

Двете тенисерки се сретнаа на турнирот во Дубаи, ОАЕ, а младата Русинка ја совлада полската натпреварувачка со 6:3, 6:3, по еден час и 36 минути игра.

Андреева, која оваа пролет ќе наполни 18 години, веќе е 14. рангирана во светот, а ова беше нејзина петта победа против тенисерка од Топ 10.

Андреева забележа 10 асови, додека Швјонтек не освои ниту еден поен директно од нејзиниот сервис.

Следна противничка на Андреева ќе биде шестата носителка Јелена Рибакина или Софија Кенин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот