
Анастасија Ражнатовиќ има болест со која живее секојдневно: Камерите ја забележаа, а таа ја потврди дијагнозата
Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ уште од мала е под лупата на јавноста. Сепак, иако не ретко се појавува во јавноста, речиси никој не знаеше дека таа има здравствен проблем.
Препорачано
Имено, при едно гостување во „Амиџи шоу“ многумина забележале дека ѝ се тресат рацете, но никој не посветил големо внимание бидејки мислеле дека се работи за трема.
Сепак здравствениот проблем на Анастасија Ражнатовиќ е далеку посериозен, за што зборуваше и таа во таа прилика.
„Погледнете колку ми се тресат рацете“, открила наследничката на Цеца кога учествувала во интересна задача со цигара и хартиена туба.
Камерата одблиску снимила дека Анастасија има треперење на рацете, но водителот помислил дека тоа е од трема поради играта.
„Ма каква нервоза. Тоа мене ми е така, природно“ признала Анастасија.
Патем, треморот на рацете обично се поврзува со стареењето, но се јавува и кај помладите луѓе и ако не е предизвикан од болест, се нарекува физиолошки или есенцијален тремор. Најмногу се забележува при движење, особено кога се користат инструменти, алати, па дури и пенкало, а многу помалку кога рацете се во мирување. Треморот може да го влоши стресот, но и кофеинот и некои лекови, а лекарите предупредуваат дека може да се влоши во текот на животот. Исто така, може да влијае на главата и гласните жици, што предизвикува треперење на гласот.