Фото: Инстаграм

ФОТО | Ана Николиќ објави потресно видео, следбениците во шок: „Ова не сум го доживеала никогаш во животот“

Пејачката Ана Николиќ ги шокираше своите следбеници на Инстаграм објавувајќи видео на кое брише крв од лицето. На видеото Ана изгледаше загрижено, а потоа објасни и што се случило.

Според нејзините зборови, вчера девојка случајно ја удрила во ресторан, а од силниот удар ѝ течела крв по лицето.

Иако изгледала вознемирено, Ана се обидела да остане смирена и со своите следбеници го сподели својот проблем. Обожавателите веднаш почнале да ѝ испраќаат пораки за поддршка, надевајќи се дека пејачката брзо ќе закрепне.

„Никогаш не сум го доживеала ова во животот, дали сфаќаш дека од еден момент па натаму, како некој да ме заклал“, започна таа и додаде:

„Плачам крвави солзи, нешто не е во ред. Ниту, пак, раната може да зарасне. Вчера ме удри девојка во ресторан, почнав да крвавам, за среќа не вака. Веднаш се собра обезбедувањето, 10 од нив мислеа дека е тепачка, некаква глупост. Девојката случајно се сврте и бам на тој начин, токму таму. Се разбира, крвта почна да блика во средината на таверната. Што е ова, мила мајко“.

Фото: Принткрсин/Инстаграм

Кратко по ова, Ана го избриша видеото кое ги загршижи нејзините следбеници, пишува „24седам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот