Американските воени бази во Ирак и Сирија од 17 октомври биле погодени 38 пати, објави Пентагон

Пентагон / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американските воени бази во Ирак и Сирија биле погодени 38 пати од 17 октомври, соопшти денеска Пентагон.

-Повеќето од нападите се извршени со ракети и беспилотни летала, а се верува дека зад нив стојат милитантни групи поврзани со Иран, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, пренесе Би-би-си.

Најмалку 45 американски војници се повредени во овие напади, од кои 24 се тешко повредени, се вели во соопштението на Пентагон.

Рајдер изјави дека САД во моментов имаат четири главни цели на Блискиот Исток, кои, според него, се заштита на американските сили и граѓаните во регионот, обезбедување „витална безбедносна помош“ за одбраната на Израел од нападите на Хамас, помагање на Израел да ослободи заложници и натамошно зајакнување на позицијата на „држава сила“ во регионот, со цел да се спречи ширењето на конфликтот надвор од Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот