Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Американскиот актер ја остави бремената сопруга: Дознав дека детето не е мое
Американскиот актер Стив Бартон, најпознат по улогата во серијата „General Hospital“, откри дека ја остава бремената сопруга која очекува дете со друг маж.
Препорачано
Освен како избор за кариера, серијата стана дел и од приватниот живот на Стив откако тој дозна за измамата на неговата сопруга Шери Гастин со која е во брак 23 години.
Деталите за нивното разделување 51-годишниот актер ги сподели на својот Инстаграм профил.
„Сакам да разјаснам нешто. Шери и јас се разделивме. Таа е бремена со четврто дете, кое не е мое. Ќе продолжиме да ги одгледуваме нашите три прекрасни деца”, напишал Стив во својата објава, барајќи приватност.

Парот, кој е во брак од 1999 година, има две ќерки Макен и Бруклин и еден син, Џек.
Инаку, Стив беше дел од серијата „General Hospital“ од 1991 година, во која го играше ликот на Џејсон Морган, кога на крајот на 2021 година беше отпуштен бидејќи одби да се вакцинира против коронавирус.
„За жал, добив отказ поради мојот однос кон вакцинацијата. Знаете, тоа боли. Ова за мене претставува загрозување на личната слобода и мислам дека никој не треба да ги загуби основните средства за егзистенција поради ова”, изјави актерот тогаш.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
48мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5